Актуелниот вицешампион екипата на Алкалоид „запиша“ нова победа во домашното првенство. Во дуелот од 8.коло од Супер лигата пелјоф го совлада на домашен терен тимот на Пролет со 28:23 (15:11).

Избраниците на тренерот Кирил Лазаров во првите 20 минути наидоа на силен отпор на гостинскиот тим. „Фармацевтите“ отпорот  на противникот го скршија дури во финишот на првиот дел, а разликата за задржаа и во вториот дел.

Тимот на Пролет предводен од капитенот Андоновски и Василевски имаше водство во најголемиот дел од првото полувреме. По предноста 10:8 за гостите, Алкалоид имаше серија 5-0 или до крајот на првиот дел 7-1 за водство по 30 минути од 15:11.

Во второто полувреме домашната екипа постепено ја зголемуваше предноста која достигна и до 8 голови 28:20, но тимот на Пролет со три го во последните минути намалија на 28:23.

Најефикасен на дуелот беше Ласко Андоновски со 9 голови, додека кај Алкалоид Дамјан Митев постигна 5, а голманот на домашните Благојче Трајкоски имаше 9 одбрани.

Со оваа победа Алкалоид со 18 бодови се проби на третата позиција на табелата зад Еурофарм Пелистер со 23 и Вардар со 21, додека го прескокна Охрид, кој има 17.

Во следното коло Алкалоид гостува кај Тиквеш во Кавадарци, а Пролет е домаќин на Вардар.