Како и што се очекуваше од Реал Мадрид и Манчестер Сити, одиграа супер интересен натпревар, со пресврти и шест постигнати голови, но „голеадата“ на „Сантијаго Бернабеу“„ ”.

Конечниот резултат на првиот четвртфинален дуел во Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити гласи 3:3.

Првото полувреме почна турбулентно. По невнимателен жолт картон на Чуамени, Бернардо Силва во 2-та минута стрелаше за 1:0. Реал брзо се врати во игра со автоголот на Рубен Диаз во 12.та минута. „Кралевите го свртеа резултатот во 14-та минута со голот на Родриго дојдоа до водство со 2:1.

Во второто полувреме работите променија тек. Најпрво по „ракета” на Фил Фоден, актуелниот шампион Сити израмни на 2:2. Само пет минути подоцна (71) Хрватот, Јошко Гвардиол со еврогол зголеми на 3:2.

Но тука „голеадата“ не заврши. Реал со фантастичен гол на Феде Валверде во 71-та минута израмни на 3:3.

На Реал и Сити им преостанува борба на реваншот. Вториот натпревар се игра на „Етихад“ на 17-ти април (среда).