Ракометарите на Париз Сен Жермен ја оправдаа фаворитската улога против Висла и се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Откако го доби првиот натпревар на гостувањето во Полска, тимот на ПСЖ славеше и пред својата публика против Висла со 34-33.

Со тоа популарните „светци“ го заокружија списокот на осумте екипи што ќе играат во четвртфиналето. Во него парижаните за противник ќе ја имаат Барселона, а тоа секако ќе биде дерби на оваа рунда во нокаут фазата.

Првите натпревари од четвртфиналето ќе се играат на 24 и 25 април, а реванш дуелите се закажани за 1 и 2 мај.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ ЧЕТВРТФИНАЛЕ
МОНПЕЉЕ – КИЛ
КИЕЛЦЕ – МАГДЕБУРГ
ВЕСПРЕМ – АЛБОРГ
ПСЖ – БАРСЕЛОНА

Фајнл-форот ќе се одржи во „Ланксес арената“ во Келн , Германија на 8 и 9 јуни 2024 година.