Екипите на Челзи и Манчестер Јунајтед иако сезонава се далеку од трката за шампионската титула, сепак одиграа натпревар како да се борат за трофејот. Дуелот на „Стенфорд Бриџ“ во Лондон, потсети да добрите времиња кога овие екипи се бореа за титулата.

На радост на домашната публика, победата ја однесоа фудбалерите на Челзи со 4-3, а јунак беше Кол Палмер кој оствари хет-трик.

Се започна фантастично да домаќините. Челзи имаше и предност од 2-0, со головите на Галагер (4.минута) и Кол Палмер од пенал (19).

Но, таквата предност, гостите од Манчестер ја анулираа до рајот на првиот дел. Со својот прв гол, Алехандро Гарначо во 34.минута намали на 1-2, а во 39-тата Бруно Фернандеш израмни на 2-2.

Младиот Аргентинец, Гарначо со својот втор гол во 67.минута се погрижи за комплетен предност и водство на Манчестер од 3-2.

Сините се обидуваа да стигнат до израмнување, тоа им успеа во осмата минута од судиското дополнение. Дало во својот шеснаесетник го собори Мадуеке, по што беше досуден пенал за Челзи. Сигурен реализатор беше Палмер за 3-3.

Но, тука возбудувањата не завршија. Во 101-вата минута по изведениот корнет топката дојде до Палмер кој успеа да го најде патот до мрежата на Онана и да му донесе победа на Чалзи со 4-3