Женската фудбалска репрезентација на Македонија го започнува новиот циклус на квалификации, овој за Европскиот шампионат 2025-та година во Швајцарија.

Македонските фудбалерки попладнево во Рига и гостуваат на Летонија во натпревар од 1.коло на Ц2 конкуренцијата. Покрај Летонија, противници на Македонија во оваа група се и селекциите на Словенија и Молдавија,

Потсетување дека ова е трата по квалитет конкуренција во која деветнаесет репрезентации се распоредени во пет групи. Победници на групи и трите најдобро второпласирани ќе обезбедат пласман во плејофот.

Денешниот дуел Летонија – Македонија ќе почне во 16.30 часот.

Во овој априлски „прозорец“ Македонија ќе игра и натпревар против Словенија. Тој е закажан за 9 април (15 часот) на теренот „Петар Милошевски”, крај ФФМ.