МЗТ Скопје со пораз го заврши лигашкиот дел од АБА2. Очајно издание во 35.минути и само пет минути игра не беа доволни да се победи мотивираниот тим на Широки. 

По натпреварот тренерот на аеродромци, Васко Атанасов, како и вообичаено, со свое кратко видување на случувањата.

„Освен во последните пет минути, мислам дека во поголемиот дел од натпреварот не бевме подобар тим. Денеска, мислам, дека го одигравме својот најлош натпревар. Но, и со тоа имавме шут за продолжение. Тоа е тоа се гледаме со Широки за две недели“, 

Токму Широки Бријег ќе биде противникот на МЗТ Скопје во четвртфиналната рунда.