Неверојатен натпревар одиграа екипите на ЛА Лејкерс и Индијана на кој беа постигнати безмалку 300 поени. „Езерџиите“ славеа над „Пејсерси“ со 150:145.

Домашниот тим во третата постигна 42, а гостинскиот во последната четвртина дури 44 поени.

Ентони Дејвис ги предводеше Лејкерси со 36 поени и 16 скока, а двоен-ефект имаше и Леброн Џејмс со 26 поени и десет асистенции. Кај Индијанам Паскал Сијакам постигна 36 поени со 12 скока.

Ова беше вториот најефикасен натпревар на Лејкерси кои во 1987 година на Феникс му дадоа 155 поени.

Тимот на Милвоки славеше во дуелот против Оклахома со 118:93, во натпреварот во кој Гркот, Јанис Антетокумпо оствари дабл-дабл со 30 поени и 19 скокови.

30 поени постигна и Стеф Кари за Голден Стејт, но тоа не беше доволно „Воините“ за избегнат пораз на гостувањето кај Минесота со 110:114.

Мајами убедливо го победи Кливленд со 121:84, додека