Шпанецот Маверик ,,Топ Ган,, Вињалес победи на спринт трката што се одржа во Португалија. 

Тој беше најбрз со својата Априлија на спринтот за ГН на Португалија и стигна до 12-те бодови.

Втор беше Марк Маркез од Гресини Дукати со една секунда заостанување, а трет заврши Мартин од Прамак Дукати кој ја загуби втората позиција во последниот круг.

Во топ 10 завршија Бањаја, БиндерМилер, Бастианини, Акоста, Еспаргаро и Квартараро.

Со новите бодови табелата изгледа вака: Бањаја е лидер со 37, втор е Мартин со 35, трет е Биндер со 29, четвртти е Марк Маркез со 27 бода, а Вињалес има 19.

Кај конструкторите Дукати има 46, КТМ собра 34, а Априлија 27 бода.

Не очекува возбудлива израмнета трка, а се надеваме дека вака ќе биде и целата сезона.

Трката за ГН на Португалија на програмата е утре со почеток од 15 часот.