Актуелниот шампион во Евролигата, мадридски Реал славеше над Партизан, со што ја потврди првата позиција во плејофот.

На дуелот во Белград, а во рамките од 31.коло „Кралевите“ славеа со 88-66.

По израмнетото прво полувреме кои гостите го добија само со два разлика (31-33), решавачка се покажа третата четвртина. Во неа Реал направи серија од 12-0, а продолжи и во последната па стигна до +17 (56-73). Уште тогаш јасно беше дека Партизан нема што да бара во продолжението, па Реал ја впиша 25-тата победа.

Реал веќе обезбеди место во четвртфиналето, а Партизан ќе брка место во плеј-инот.

Црно-белите се на 10-тата позиција, последна што води во разигрувањето. Белграѓани имаат „скор“ 14-10 како и екипите на Валенсија и Анадоли Ефес, а Милано и Баерн имаат победа помалку.

До крајот на лигашкиот дел во Евролигата остануваат уште три кола.

Standings provided by Sofascore