На едно коло до крајот на лигашкиот дел, познати се паровите за полуфиналето во плејофот на женското одбојкарски шампионат.

Ова откако вечерва во Струмица, одбојкарките на Работнички го совладаа домашниот состав на Наковски волеј во четири сета со 3-1.

Откако првиот сет им припадна на домашните одбојкарки пред се благодарение на бројните грепки на гостинките, во наредните Работнички доминираше.

Во вториот и третиот сет Работнички им пропушти на домаќинките по 16 поени (16:25, 16:25), а во последниот четврти сет, само еден повеќе (17:25).

Двојките за полуфиналната рунда во плејофот се, Струмица – Наковски волеј и Јанта волеј – Работнички. Пласман во финалето ќе обезбедат екипите што ќе остварат две победи.

Претходно, оваа четворка на екипи во Штик на 21 и 24 март, ќе ги игра натпреварите во Купот на Македонија.