Во Втората машка кошаркарска лига вечерва ќе се одиграат четири натпревари од 19-тото коло.

Оваа рунда ќе мине без изразит дерби натпревар, барем што се однесува до екипите кои се борат за највисок пласман.

Лидерот и не поразен тим на МКК Куманово е слободен во ова коло. Второ пласираниот Шкупи вчера си ја одработи својата задача.

Екипата на Маџари која е на 3.место на табелата важи за апсолутен фаворит во дуелот со последно рангираниот Тетекс. Истата улога ќе ја има и вториот тим на МЗТ Скопје У.Б. кој го пречекува Водно Санс, додека составот на Ангели ќе гостува во Прилеп кај Мега Баскет кој сеуште брка пласман во ТОП-8 и плејофот.

Во таква „битка“ ќе влезат и кошаркарите на Соколи и велешки Борец Баскет на натпреварот што ќе се игра во Штип.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 19.КОЛО
Денеска

19.00 МАЏАРИ – ТЕТЕКС
19.00 МЕГА БАСКЕТ – АНГЕЛИ
19.00 СОКОЛИ – БОРЕЦ БАСКЕТ
20.30 МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – ВОДНО САНС
Вчера
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 2018 96-81
слободен МКК КУМАНОВО

ТАБЕЛА: МКК Куманово 34, Шкупи 31, Маџари 29, Ангели 28, МЗТ Скопје У.Б. 26, Борец баскет 23, Соколи 22, Водно Санс 22, Мега Баскет 21, Работнички 2018 20, Тетекс 17.