Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин, постигна најбрзо време во квалификациите за Големата награда на Катар на отворањето на сезоната во Мото ГП шампионатот.

Шпанецот оствари време од 1:50.789 минути.

Второто место го зазеде Алеш Епсаргаро, додека третото место му припадна на Енеа Бастианини на Дукати.

Од вториот ред утрепната трка ќе ја почнат Бред Биндер, бранителот на титулата Франческо Бањаја и Марк Маркез на Гресини.

Топ-10 го комплетираа Фабио Ди Џанантонио, дебитантот Педро Акоста, Алекс Маркез и Маверик Вињалес.

Попладнево (17 часот) ќе се возат квалификации, а утрешната трка ќе стартува од 18 часот.