Екипите на Шалке и Падернборн одиграа ефикасен натпревар кој заврши без победник 3:3, во рамките од 25.коло на втората Бундес лига.

Така дуелот на двајцата македонски репрезентативци Дарко Чурлинов (Шалке) и Вислар Муслиу (Падернборн) заврши „мирољубиво“.

Иако домаќините со головите Караман (32) и Ласме (50) имаа два гола предност, во продолжение примија три, па се спасуваа со судиското дополнение.

Во второто полувреме комплетен пресврт направи Падернборн, со головите на Зехнтер (60) и Кинсомби (78) од пенал и Клас (86).

Во судиското дополнение (90+3) Кике Топ постигна важен гол за 3:3 и му донесе важен бод на Шалке.

За разлика од Чурлинов кој влезе во игра во 85-тата минута, Муслиу го одигра целиот натпревар.

Шалке со 30 бодови е на 14.место на табелата, а Падернборн е шести со 39 бодови.