Селекторот на машката сениорска репрезентација na Македонија, Кирил Лазаров го објави списокот на ракометари на кои ќе смета за претстојната ЕХФ недела (11 – 17.03).

Македонија ќе одигра два контролни натпревари против репрезентацијата на Романија. Натпреварите ќе се играа на готски терен во градот Браила на 15 и 16 март.

На списокот на Лазаров се 22-ца ракометари од кои тројца се дебитанти. Николас Најденовски шведската екипа Луги, како и ракометарите на Алкалоид, голманот Иван Глевски и пивотменот Валентин Карасманакис.

Капитенот Никола Митревски доби поштеда за оваа „акција“.

Собирот се закажан за понеделник (11 март) во 16 часот во хотел Александар Палас во Скопје.