Фудбалерите на Арсенал ја оправдаа улогата на фаворит на против последно пласираниот Шефил.

Во последниот натпревар од 27.коло Арсенал на гостински терен го „торпедира“ Шефилд со 6:0.

Целата работа беше јасно уште во 15-тата минута кога „топчиите“ веќе имаа предноста од три гола. Одегар (5.минута), автогол на Богли (13) и Мартинели (15) беа стрелци. До крајот на првото полувреме Хаваерц (25) и Рајс (39) се запишаа во листата за водство на Арсенал со 5:0

Второто полувреме беше само чиста формалност. Бен Вајт во во 58.минута постигна гол, па Арсенал ја впиша 19-тата победа со конечни 6:0.

Тимот од Лондон останува во трка шампионскиот трофеј. Арсенал е трет на табелата со 61 бод, два помалку од лидерот Ливерпул и еден од Манчестер Сити.

А, токму двете првопласирани екипи во недела на „Енфилд“ ќе го играат дербито.