По подолго време прволигашки фудбал се игра и на националнат арената „Тодор Проевски“.

Екипата на Работнички е домаќин на штипска Брегалница во натпревар од 21.коло на Првата лига.

„Романтичарите“ на полувремето имаат предност од 1-0.

Ретко виден гол на македонските фудбалски терени постига Камерунецот, Амие Марело Гондо.

По нафрлувањето од десната страна Годо со „ножички“ го совлада гостинскиот голман Јанков.