Во Првата македонска фудбалска лига, попладнево беа одиграни сите натпревари од 21-то коло. Два дуели го понесоа приматот дерби.

Во Тетово, Шкендија го совлада Вардар со 3-0.
Во 22-та минута при обид на тетовци за го загрозат Гачевски, со рака во својот шеснаесетник играше Мишковски, па беше досудена најстрога казна за домаќините. Но, Тотре тоа не го реализираше, ја погоди само пречката од голот на Галевски, а резултатот остана 0-0. Но, веќе во 34.минута Шкендија ја искористи офанзивната игра, а преку Чинари поведе со 1-0. Истиот фудбалер со ефектен гол од 20-тина метри во 32.минута зголеми на 2-0. Конечниот резултат го постави Дита во 68-тата минута. Само две минути подоцна Вардар остана со играч помалку откако Брдаровски заработи црвен картон.

Во Кратово каде Силекс го пречека шампионот Струга Трим Лум, натпреварот заврши без голови (0-0). Така беше и на Чаир, каде водечката екипа на табелата, Шкупи го пречека кавадаречки Тиквеш.

Во Ѓорче Петров, екипата на Македонија иако поведоа во 28.минута со голот на Фазли во продолжението Воска спорт направи пресврт. Во финишот на првиот дел (45) Стјепановиќ го израмни резултатот, а Марушиќ во 66-тата му донесе победа на охридскиот тим.

По подолго време прволигашки фудбал се играше и на арената „Тодор Проевски“. Работнички ја совлада Брегалница со 2-0. Ретко виден гол на македонските фудбалски терени постига Камерунецот, Амие Марело Гондо, а Нигериецот, Рашед (80) го постави конечниот резултат.

Во Гостивар истоимената домашна екипа славеше против струмичка Брера со 2-0. Стрелци на головите беа Турчинот, Потук (67) и Јапонецот, Такахара (81).

За кратко овде ќе може да го видите сите голови од ова коло, во продолжение головите од дербито во Тетово.

ПРВА ЛИГА – 21.КОЛО
ШКЕНДИЈА – ВАРДАР 3-0
СИЛЕКС – СТРУГА Т.Л. 0-0
ШКУПИ – ТИКВЕШ 0-0
ГОСТИВАР – БРЕРА СТРУМИЦА 2-0
МАКЕДОНИЈА ЃП – ВОСКА СПОРТ 1-2
РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА 2-0

Standings provided by Sofascore