Екипата на Баскет Кам по четврти пат во низа ќе игра во финалето на кошаркарскиот Куп на Македонија.

Кошаркарките од Македонска Каменица кои веќе имаат два трофеи во Купот во последните три години. Затоа ја имаат и фаворитската улога во денешното финале.

Таа улога ја прифаќа е Жаклина Стојановска тренерот на актуелни шампиони.

„Моите играчи се спремни за едно големо финале и се надевам дека ќе бидеме победници во дуелот.

Во нашиот тим навистина има квалитетни играч на сите позиции и мислам дека сме единствени во лигата покриени со сите позиции со домашни играчи.

Генерално сум задоволна од прикажаното во полуфиналето и се надевам дека ќе продолжиме со добар тек, до крајот на првенството, не само на Купот“,
вели Стојановска.

Лани Баскет Кам не успеа да стигне до „хет-трик“ односно да освои три трофеи во низа. Тимот на МЗТ Скопје со кој ќе играат денеска во финалето, лани им застанаа на патот победувајќи ги со 72-60.

Како ќе биде во годинашното финале, ќе видиме по натпреварот што ќе се игра во СЦ „Кале“ со почеток од 16.15 часот.