Големото италијанско дерби меѓу актуелниот шампион Наполи и Јувентус им припадна на домаќините со 2:1.

Дуелот од 27.коло одигран на стадионот „Диего Марадона“ во Неапол ги оправда очекувањата и на нај пребирливите. Особено тоа важи за второто полувреме во кои видовме два гола и повеќе шанси на обете страни.

Од првиот дел единствени и тоа како вредно беше да се одбележи прекрасниот гол на Квадрацкелија. Грузиецот со одличен волеј удар во 42.минута му донесе предност на Наполи.

Инголемите возбудивња дојдоа во заврпницата на натпфреварот. Најнапред Федерико Киеза во 81-та минута го израмни резултатот.

Смао пет минути подоцна по прегледување на ВАР снимката беше досуден пенал за Наполи. Ударот на Осимен, голманот Шчепни го одбрани, но одбиената топка во мрежата на Јуве ја смести Распадори за победа на шампионот од 2:1.

Со оваа победа Наполи сега е седми со 43 бодови, само три помалку од Аталантам односно пет од Рома. Наполитанците се враќаа во игра за местата што водат на европската сцена следната сезона. Јувентус пак дефинитивно ја губи трката со Интер за скудетото. Тимот од Милано има дури 12 бодови повеќе.