Тешко му оди на шампион МЗТ Скопје Аеродром кога во шпрашање се натпреварите во 2024-та во Првата лига.

Аеродромци го претрпеа и третиот пораз во петтиот одигран натпревар (славеа по продолжение над Еуро Никел).

Во натпревар од 18.коло одигран вечерва во „Јане Сандански“, МЗТ како гостин загуби од Феникс со 69-73.

Очаен старт имаа сино-белите. Постигнаа само два поени за седум минути, губеа и со 20 разлика. На одмор Феникс замина со водство од +15 (38-24).

Во второто полувреме, односно последниот период, МЗТ успеа да ја анулира негативата, дури и да поведе со четири разлика (57-53). Сепак немаа сили сино-белите докрај да ја завршат работата, па на Феникс му дозволија да слави триумф.

Очајната реализација на шут од игра (32%), во текот на целиот натпревар, но и завршницата беа клучни во вкупно четвртиот пораз сезонава во домашното првенство.

Џозеф Рајс беше прво име во победничката екипа. Американецот натпреварот го заврши со 22 поени на кои додаде 12 скокови. Кај поразениот состав на МЗТ, Војдан Стојановски беше најефикасен со 15 поени.

По овој пораз МЗТ го препушти првото место на табелата на лутиот ривал Работнички, иако двата тима имаат идентични 32 бодови.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 18.коло
недела

ФЕНИКС – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 73-69
РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ФМП 99-52
сабота
ОХРИД – ЕУРО НИКЕЛ 77-71
ЧАИР – ГОСТИВАР 89-78
ТФТ – ПЕЛИСТЕР 77-66
ВАРДАР – КОЖУВ 78-92

ТАБЕЛА: Работнички 32, МЗТ Скопје Аеродром 32, Чаир 31, Еуро Никел 30, Пелистер 30, ТФТ 30, Феникс 29, Гостивар 23, Кожув 22, Охрид 22, Академија ФМП 22, Вардар 21.