Екипата на Далас го претрпе четвртиот пораз на последните пет одиграни натпревари. Откако минатата вечер загубија на гостувањето кај Бостон, вечерва Далас е поразен од Филаделфија со 116-120.

Домаќините уште од самиот почеток воспоставија контрола на играта и резултатот. Клучната предност „76-ките“ ја направија во третиот период и се чинеше дека лесно ќе забележат триумф. Сепак, Далас во последниот период постигна дури 40 поени, а со двете тројки на Кајри Ирвинг дојде до три поени. Но, немаа сили ниту време „Маверикси“ за комплетен пресврт.

Бадијала се покажа тројниот учинок на Лука Дончиќ кога Далас не може да врзе победа. Словенецот натпреварот го заврши со Лука Дончиќ со 38 поени, 11 скока и 10 асистенции, додека Кајри Иривнг постигна 28 поени.

Во отсуство на Џоел Ембид кој сеуште е повреден, прво име во Филаделфија беше Тобијас Харис со 28 поени, додека Тајрис Макси додаде 24, а Кели Убре 21 поен.