Фудбалерите на Баер Леверкузен ја забележаа 20-тата победа во Бундес лигата.

Популарните „фармацевти“ славеа на гостувањето кај Келн со 2-0 во натпревар од 24-тото коло.

Работата на гостите им ја олесна Тилеман кој во 14.минута заработи директен црвен картон. Тоа го искористија фудбалерите на Чаби Алонсо, кои преку Фримпонг (38) и Грималдо (73) ги постигнаа головите за победа.

Леверкузен кој е прв ба табелата сега има 64 бодови, дури десет повеќе од минхенски Баер. Далеку зад нив се Борусија Дортмунд, Лајпциг …