Атлетичар Андреас Трајковски беше единствениот што ја преставува Македонија на СП во сала во Глазгов.

Андреас заврши како 12-ти во скок во далечина. Но, тој не губи надеж дека во скоро време, како што вели, ќе направи голем скок.

„Генерално, не можам да бидам вознемирен поради мојот настап денес.

Бев на само 6.цм од најдобриот настап сезонава, а мојот  и национален рекорд во сала. Но, навистина сакав повеќе и верував дека е можна ТОП-8 позиција. За жал не и овој пат.

Ова беше моето прво сениорско деби на Светско првенство во сала и првиот Македонец кој учествува во скок во далечина.

Секогаш големо задоволство да ја претставам мојата земја на најголемата сцена.

Благодарност до сите за пораките, повиците и поддршката. Навистина го ценам тоа!

Сега фокусот е на сезоната на отворено! Само што почнувам! Ајде да го направиме тој ГОЛЕМ скок“, напиша Трајковски на својот Фејсбук профил.