На задоволство на целокупната македонска спортска јавност најдобриот наш атлетичар Дарио Ивановски е победник на 21 издaние на Скопскиот маратон.

До својот втор триумф на овој маратон, Дарио Ивановски стигна во време од 2 часа 14 минути и 50 секунди. Воедно Дарио е и балкански шампион бидејќи овој во скоп на маратон се одржуваше и регионалното првенство.

По победата која ја посвети на целиот македонски народ, Дарио Ивановски посака хамбургер и нешто да се заблажи.

Втор целта ја мина Џелиус Кипчоеч од Кенија кој заостана 30.секунди зад Дарио, а трет беше Грузиецот, Давити Карашвили.

Инаку годинашното издание беше рекордно, бидејќи на трките низ главниот град настапија над 14.000 натпреварувачи од 58 земји.

Следете нé на социјалните мрежи