Единствениот македонскиот атлетичар на Светскиот шампионат во сала што се одржува во Глазгов, Андреас Трајковски денеска го имаше својот настап.

Тој беше дел од атлетичарите што настапија во дисциплината скок во далечина. Трајковски на крајот заврши како дванаесетто пласиран во конкуренција на петнаесет атлетичари.

Во втората серија тој доскокна до далечина од 7 метри и 73 сантиметри, но недоволно да обезбеди уште три скока. Тоа воедно беше далеку зад најдобриот скок (8.22 м.) кои го имаа актуелен олимписки и светски првак Милтијадис Тентоглу и Италијанецот, Матиа Фурлани.

Инаку Трајковски неодамна во Истанбул со скокот од 7.79 метар постави нов македонски рекорд, кога во прашање се настапите во сала.

Андреас е еден од македонските спортисти кои претендираат за настап на Олимпијадата во Париз.