Екипите на Челзи и Манчестер Јунајтед се пласираа во четвртфиналето на ФА Купот, но со многу мака.

Откако пред само три дена беа поразени од Ливерпул во финалето на „Карабао“ купот, фудбалерите на Челзи го одиграа мечот од ФА Купот.

Во осминафиналната рунда Челзи го совлада Лидс Јунајтед со 3:2. Гостите поведоа со голот на Џозе (8.минута). Со головите на Џексон (15.) и Мадрик (37), Челзи го сврте резултатот во своја полза (2:1). Со својот втор гол Џозеф (59) израмни на 2:2. Во последната минута (90) победничкиот гол за Челзи го постигна Галагер.

Манчестер Јунајтед пак во четвртфиналето стигна благодарение на голот на Касемиро во 89-тата минута. Јунајтед славеше на гостувањето кај Нотингем Форест со 1-0.