Иако лани и ја донесе титулата на Барселона во шпанското првенство, а сеуште е во игра и да ја одбрани, Чави Хернандез заминува од Барселона. Тоа веќе одамна го најавија од каталонскиот куб.

Чави ќе ја одработи тековната сезона, а кој ќе биде негов наследник ќе се знае за нешто повеќе од месец дена.

Според „Diario Sport”, претседателот на Барселона, Лапорта и спортскиот директор Деко, се очекуваат да решат за нов тренер до април. Во потесниот круг кандидати се Италијанецот Роберто Де Зерби, кој го предводи Брајтон. Конкуренти му се тројца германски тренери, Ханс Дитер Флик, Томас Тухел и Јулијан Нагелсман.

Барселона по 26 кола во шпанското првенство е на третото место во поредокот со 57 бодови.

Барса е во игра и во Лигата на шампионите во која треба да му гостува на италијанскиот шампион Наполи во реванш осминафиналниот дуел. Во првиот на во Барселона, резултатот беше 1:1