Како што беше најавено, пари за македонскиот спорт преку директна поддршка од државата ќе има и во иднина.

Имено денеска пратениците во Собранието, ги изгласаа промените за на Законот за финансирање во спорт.

Сумата останува иста, 10 милиони евра. Наместо како што тоа беше со досегашниот „ваучерски“ систем, сега парите директно ќе бидат префрлани на клубовите и спортистите.

Агенцијата за млади и спорт е обврзана да формира Централна комисија (ЦК) која ќе се состои од претседател и шест члена. Претседателот и двајца членови ќе бидат лица вработените во АМС. Останатите, по двајца ќе доаѓаат од националните спортски федерации од екипните и  индивидуалните спортови.

Секоја национална федерација е должна, како и досега, да изработи листа на клубовите и на спортистите, а воедно да ја објави најдоцна до 1 март во годината и да ја достави до комисијата. Тоа ќе оди на проверка и одобрување до Советот за спорт.

Процедурата мора да се заврши до 5 април, но, нема точно наведено, кога парите би биле префрлени на корисниците (клубовите и спортистите).

Со ова ќе се избегнат и можните шпекулации и малверзации за во однос на реализирањето на средствата. Воедно, клубовите повеќе нема да може да бараат изговори од типот „чекаме на ваучерот да се реализира“. Така и тие ќе треба да си ги реализираат обврските кон спортистите.

.