Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас со неговата екипа Аталанта, претрпеа поражение во италијанското првенство.

Во натпревар од 5.коло, Јувентус на домашен терен го совлада тимот од Бергамо со резултат 2:0.

Франсиско Консеисао донесе водство за домаќините со погодок во 28-мата минута, а конечниот резултат го постави Бремер со прецизен удар во 77-мата минута.

Со овие три бода и вкупно 10 Јувентус е на делба од 5 до 7 место на табелата. Екипата на Аталанта за која ова беше трет пораз се наоѓа 12.место на табелата со 6 бодови.

Македонскиот репрезентативец ги одигра завршните минути, а во игра влезе дури во 84-тата.