Актуелниот шампион Барселона вечерва загуби од Виљареал со 3-5, а веднаш по дебаклот се одржа состанокот на клупските челници.

Во спектаклот на сезоната, Виљареал ја „матира” Барселона

Беше донесена одлука по завршувањето на оваа сезона да се бара нов тренер. Од 30 јуни Чави Ернандез нема да биде тренер на Барселона, објави Марка.

На крајот од средбата, претседателот Жоан Лапорта го повика Чави на разговор, а потоа легендарниот играч на Барса даде изјава:

„ Одлучив дека по 30 јуни нема да ја продолжам оваа работа. Мислам дека ова е разумен потег.

Се ослободив.

Не сакам да бидам товар за клубот, сакам да бидам решение“, изјавил Чави.

По 21 одиграно коло во Ла Лига, Каталонците се третопласирани на табелата со 44 бодови, што е десет помалку од лидерот Реал.

Тие беа елиминирани во четвртфиналето на Копа дел Реј, го загубија финалето на Суперкупот од. Останува настапот во осминафиналето на Лигата на шампионите и двомеч во италијанскиот првак Наполи.