Најдобрата машка кошаркарска репрезентација на Македонија е во Сосновиец каде утре против Полска ќе го одигра вториот натпревар во евро-квалификациите.

Црвено-жолтите попладнево го одработуваат и тренингот пред утрешниот меч со домаќинот кој ќе ја има улогата на фаворит.

Со една измена во составот, селекторот Јончевски ќе се обиде да му се спротивстави на ко-домаќинот на Ебробаскетот 2025-та.  Го нема Зекири (ко и не влезе во игра со Естонија), а него го замени Петков.

По поразот од Естонците во петокот, сега македонските кошаркари ќе се обидат да го изненадат квалитетниот полски состав. Иако Полјаците загубија на гостувањето кај Литванија во првото коло, сепак покажаа дека имаат добар тим.

Натпреварот од 2.коло на „Х“ квалификациската група, меѓу Полска и Македонија ќе се игра утре со почеток од 18 часот.