Вториот тренинг на најдобра кошаркарска репрезентација на Македонија, утринава, беше „побогат“ за уште еден важен играч.

Македонската селекција синоќа ги почнаа подготовките за првите два натпревари за евро-квалификациите.

Утринава на тимот му се приклучи и Американецот, Итан Хап.

27-годишниот центар на шпанската Гран Канарија ќе биде нашиот адут за играта во рекетот, што беше и основата причина поради која на оној краен список го нема Ти-Џеј Шортс.

„Дефицитарни сме на високите позиции, без Симиќ и Младеновски од кои едниот целосно се откажа од кошарка, а другиот три месеци не беше во тренажен процес.

Бевме принудени да се одлучиме за Хап кој и претходно доби државјанство.

Тоа е повеќе стратешка отколку изнудена одлука“, изјави селекторотЈончевски.

Сега останува уште во селекцијата да го видиме и предводникот на теренот, Војдан Стојановски. Тој ги „одработува“ терапиите кои ги препиша лекарскиот тим, кои треба да му помогнат да биде подготвен за првите предизвици.

Македонија во првиот круг на квалификациите ќе одигра два натпревари. Првиот и можеби најважен, против Естонија во петок во Скопје, а потоа и гостува на Полска.