Машката сениорска репрезентација на Македонија вечерва во Скопје, ги стартува подготовките за првиот круг квалификации за Евробаскетот во 2025 година.

Селекторот Александар Јончевски има 14 кошаркари на листа кандидати за натпреварите со Естонија (23 февруари) односно Полска (26 февруари) .

Согласно со планираното, во салата СРЦ „Кале“, каде ќе го играме натпреварот против Естонија, „црвено-жолтите“ ќе одработат и одреден број на тренинзи.

По вечерашниот, закажан за 18.часот, во вторник следуваат уште два.

Во 10 односно во 18 часот, ќе бидат тренинзите на 21 ноември, додека на 22 ноември, нашите најдобри кошаркари ќе тренираат од 14.30 часот.

Тренинг ќе има и на денот на првиот натпревар, во петок, од 11 до 12. часот.

На 23. февруари (петок), од 19.часот, следува премиерниот натпревар од квалификациите, против репрезентацијата на Естонија.