На Светското првенство во водени спортови во Доха, утринава својот втор настап го имаше македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ.

16-годишиот Ѓуретановиќ настапи во првата квалификациска трка на 1.500 метри слободно.

Никола беше побрз од двајцата конкуренти исплива време од 16:04.07.минута.

Со овој резултат Ѓуретановиќ на крајот заврши 29.место во конкуренција на 31 пливач колку ја завршија трката.

Потсетување дека Ѓуретановиќ настапи и во трката на 400.м слободно, дисциплина во која пливаше и Ева Петровска која вчера го заврши настапот во Доха пливајќи на 800.м слободно.

Сите настапи на македонските пливачи, на Мундијалот, може да ги видите во продолжение.