По подолга пауза и женската одбојка се враќа на македонската спортска сцена.

Во вториот дел, екипите се поделени во две конкуренции. Во така-наречената втора Фаза 1, четирите најдобри тима од првиот дел ќе разигруваат за шампионската титула. Останатите четири пак ќе се борат за опстанок во Првата лига.

Во Првата Фазата-1 уште на стартот ќе гледаме дерби.

Екипата на Струмица која првиот дел од првенството го заврши со максимални 14 победи го пречекува шампонот Работнички. Во вториот натпревар, во Скопје, второ рангираниот тим на Јанта волеј е домаќин на Наковски волеј.

Пласманот на екипите по одигрувањето на оваа фаза ќе го одреди распоредот за разигрувањето за шампионскиот трофеј.

ОДБОЈКА ПРВА ЛИГА (жени) ,
ФАЗА-1, 1.КОЛО

СТРУМИЦА ЖЕНИ – РАБОТНИЧКИ (сабота, 19.30)
ЈАНТА ВОЛЕЈ – НАКОВСКИ ВОЛЕЈ (сабота, 20.00)

ТАБЕЛА: Струмица жени 14-0, Јанта волеј 11-3, Наковски волеј 9-5, Работнички Скопје 8-6.

ФАЗА-2, 1.КОЛО
ФИТ ФАН ВОЛЕЈ – ВАРДАР ЖЕНИ (сабота, 19.00)
МЛАДОСТ УГД – ВАРДАР ЕМ (понеделник, 18.00)

ТАБЕЛА: Фит фан волеј 6-8, Младост УГД 5-9, Вардар ЕМ 3-11, Вардар жени 0-14.