Битола само втор пат (2007 г.) е домаќин на завршницата на кошаркарскиот Куп на Македонија. Битолчани се желни за првиот трофеј во мак-баскетот, па домашниот терен и публиката треба да бидат нивниот најголем мотив. 

Но, патот до трофејот не е лесен за Пелистер, почнувајќи од четвртфиналето во кое за противник го имаат скопски Феникс. 

Свежи се сеќавањата на ланската елиминација во полуфиналето, па зелено-белите секако ќе бараат „одмазда“ за тоа. 

„Овде сите сме некако многу скромни со изјавите. Јас нема да бидам таков, очекувам многу повеќе и сигурен сум дека Пелистер ќе го игра натпреварот в сабота“, изјави капитенот на пелистерци, Александар Костовски. 

Но, и на спротивната страна се со исти амбиции, освојување на трофејот. 

„Две години игравме на Купот, лани во финалето и очекувам напредокот да продолжи. Имаме квалитетен тим кој е способен да оствари најголем успех“, вели младиот Стефан Стојковиќ.

Чија, прва, желба ќе се исполни, ќе видиме по натпреварот што ќе се игра во терминот од 19 часот, а можете да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.