Светската фудбалска федерација (ФИФА) го објави најновото рангирање, на кое најдобрата македонска репрезентација бележи пад.

Македонските фудбалери немаа активности во изминатиот период, во кој актуелни беа Африканското и Азиското првенство.

Тоа се причините поради кои Македонија сега е на 60-то место на ФИФА листата. Тоа е пад од три позиции во однос на претходното рангирање.

На врвот на ФИФА листата нема промени. И натаму најдобра светска репрезентација е Аргентина, пред Франција, Англија, Белгија и Бразил.