Фудбалерите на Лацио славеа минимална победа на Баерн Минхен во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите,

На дуелот во Рим на „Олимпико“ домаќините до победата стигнаа со гол од пенал.

Во приод дел повеќе иницијатива имаа гостите. Создаваа шанси но вез реализација. Најблиску до погодок беше Томас Милер чиј обид од слободниот удар за малку заврши крај десната статива од голот на Лацио.

Во продолжението се обиде и ​​Мусиала, но тој биеше над гредата.

По само три минути игра во вториот дел Густав Исаксен изби сам пред Нојер, а голманот на Баерн реагираше фантастично.

Во 67-та минута беше досуден пенал за Лацио. Упамекано несмасно реагираше, по што заработи и црвен картон.

Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Чиро Имобиле за водство од 1-0.

Реванш натпреварот во Минхен ќе се игра на 5 март.