Екипата на Болоња со нова победа се вброи во четирите најдобри на табелата во Серија А. Со рутинска победа над Фиорентина од 2:0, Болоња напаѓаат место за Лига на Шампиони.

Болоња желбата за победа ја изрази уште во првото полувреме. Орсолини стрелаше во 12-та минута за 1:0. Во 36.та минута Орсолини постигна уште еден гол, но тој му беше поништен поради офсајд.

Во вториот дел играта беше далеку помирна. Болоња беа задоволни со резултатот, а Фиорентина пробуваше да изедначи. Сепак на крај Одгрард постигна гол за 2:0 во судиското надополнување.

Со овој триумф Болоња влегува во Топ 4, односно на делба на 4.то место со Аталанта. Двете екипи имаат по 42 бода, но Аталанта имаат натпревар помалку. Фиорентина останува на 8-та позиција со 37 бода на 24 натпревари.