Пари Сен Жермен на домашен терен го совлада Реал Сосиедад со 2:0 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Екипата на Луис Енрике одлично го започна натпреварот и креираше повеќе прилики во првиот дел, но резултатот остана 0:0.

Второто полувреме, ПСЖ го започна доста поубедливо. Во 58-та минута „светците“ дојдоа до водство од 1:0, а стрелец на голот беше Килијан Мбапе.

Сосиедад се обидуваше да возврати и го притисна домаќинот, но тоа го кошташе нов гол во својата мрежа.

Имено, Бредли Баркола направи одличен соло-продор по левата бековска позиција и прекрасно го совлада голманот на Сосиедад, Алекс Ремиро, за водство од 2:0 на ПСЖ со што го постави и конечниот резултат.

Реваншот во Сан Себастијан ќе се одигра на 5-ти март со почеток од 21:00 часот.