Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Александар Јончевски, го објави скратениот список на кошаркари за стартот не квалификациите за Евробаскет 2025.

Од првичните 24 имиња, сега на списокот на Јончевски 14 играчи кои ќе конкурираат за претстојниот февруарски „прозорец“, прв во квалификациите.

На списокот го нема Ти Џеј Шортс, кој беше најдобриот играч на последните натпревари на Македонија во олимписките квалификации.

Јончевски за дуелите со Естонија и Полска се реши неговиот сонародник, Американецот, Итан Хап од Гран Канарија, да биде нашиот натурализиран репрезентативец.

Првиот тренинг е закажан за 19 февруари.2024 (понеделник) со почеток во 18 часот, во СРЦ „Кале“ во Скопје.

Македонија квалификациите ги почнува на 23 февруари, на домашен терен во дуелот со Естонија. Три дена подоцна, на 26 февруари, следува гостување во Полска.

СПИСОК НА ИГРАЧИ
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Дамјан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром
Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – Пелистер
Андреј Маслинко – Пелистер
Амар Хот – Пелистер
Стојан Ѓуроски – Работнички
Виктор Ефремовски – Работнички
Ненад Димитријевиќ – Уникс Казан, Русија
Адем Мекиќ – Задар, Хрватска
Лејсон Зеќири – Башкими, Косово
Итан Хап – Гран Канарија – Шпанија