Откако пред два дена го одиграа „Супер дербито“ против Вардар, ракометарите на Еурофарм Пелистер ги очекува нов голем предизвик.

Веќе во среда, во Битола, гостува францускиот гигант Париз Сен Жермен.

Со овој натпревар македонскиот првак го продолжува настапот во Лигата на шампионите.

Од таборот на пелистерци денеска информираа дека, во продажба се пуштени картите за дуелот со ПСЖ, по цена од од 450 и 550 денари.

Картите се продаваат во „DIMPO Тобако“ ” и преку интернет https://kartieurofarm.mk/.

  • Сопствениците на сезонските билети имаат обезбедено место на трибините.