Фудбалерите на Рома и Интер го одиграа натпреварот на сезоната во италијанската Серија А. шест постигнати голови, неколку пресврти и триумф на Интер со 4-2 и тоа на гости на „Олимпико“.

Гостите од Милано поведоа со погодокот на Ачерби во 17-тата минута. Сепак до крајот на првиот дел Рома го сврте резултатот во своја полза.

Во 28-та минута, Манчини израмни на 1-1, а во 44-тата, Ел Шавари и донесе водство на Рома од 2-1. Тоа беше и резултат на првиот дел.

По само четири минути игра во вториот, Турам ја затресе мрежата за домаќините и израни на 2-2. Веќе во 56-тата минута „несреќниот“ Анџелино си постигна автогол и повторно му донесе предност на Интер од 2-3. Победата на Интер ја потврди Бастони ви судиското дополнение.

Интер кој е лидер на табелата (60 бодови), повторно има седум бодови повеќе до Јувентус кој е втор.