Џуд Белингем и Винициус Џуниор му донесоа дерби победа на Реал Мадрид. Во дербито со “хитот” Џирона, Реал Мадрид триумфираше со 4:0.

Реал беше подоминантен уште од самиот старт. Винициус го отвори резултатот во 6-та минута до прекрасен гол. Потоа со „травела“ асистенција му го намести првиот гол на Белингем. Со тоа на полувреме заминаа со резултат од 2:0.

Во второто полувреме Реал нагази со истото темпо. Џуд Белингем зголеми на 3:0, а потоа се повреди и го напушти теренот. По нова асистенција на Виницуис, Родриго Гоеш се запиша во листата на стрелци и го запечати резултатот на 4:0.

Со оваа победа Реал се зацврсти на првото место во Ла Лига и им “избега” на Џирона со 5 бода. Реал е лидер со 61 бод на 24 натпревари, а Џирона е втора со 56 бода.