Актуелниот шампион во регионалната АБА лига, белградска Црвена Звезда претрпе вистински дебакл. На гостувањето во Подгорица кај Будуќност, црвено-белите загубија со убедливи 84-62.

Само во два наврати во првата четвртина гостите водеа со по 1 односно 2 поени разлика. Сето останато време им припадна на домашните кошаркари.

Звезда беше слаба во одбраната, уште послаба во нападот, имаше голем број загубени топки и целосно разочара вечерва.

Џоги Ферел беше најефикасен во тимот на Будуќности со 18 поени, Флечер Меги додаде 13, а Кенан Камењаш еден поен помалку.

По овој пораз, Звезда останува лидер на табелата со „скор“ 16-3, додека Будуќност е втор со има 14 победи и 5 порази.