Со доаѓањето на Даниеле де Роси, на местото на Мурињо, фудбалерите на Рома ја остварија третата победа во низа.

Овојпат, на „Олимпко“ настрада екипата на Каљари која беше поразена со 4-0.

Не поминаа ни две минути од почетокот на натпреварот кога, по корнер од левата страна, Лоренцо Пелегрини најдобро се снајде за водство од 1-0.

Следуваа два гола Аргентинецот, Пауло Дибала (23 и 51.минута).

Конелниот резултат го постави тинејџер Дин Хојзен со гол по корнер во 59-тата минута.

Со овој триумф Рома дојде до 38 бода и ќе преноќи на петтата позиција во Серија А. Каљари кој е во опасната зона за испаѓање (18-ти) има само 18 бодови.