Селекторот на сениорска женската репрезентација, Кристијан Грчевски го објавува поширокиот список на ракометарки за претстојните натпревари со репрезентацијата на Шпанија.

Двомечот со Шпанија е дел од квалификациите за Европското на крајот на годината, во Австрија, Унгарија и Швајцарија.

На поширокиот список на Грчевски се дури 35 ракометарки.

Poshirok Spisok Seniorska Zhenska Rakometna Reprezentatsija 25022024

Првиот натпревар Македонија и Шпанија ќе го играат во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ на 29 февруари (18 часот), Реваншот е закажан за 3 март во градот Ланзароте (17 часот).

Нашата репрезентација веќе оствари две победи во исто толку натпревари, совладувајќи ги Азербејџан на домашен и Литванија на гостински терен.

Потсетување дека пласман на Европскиот шампионат ќе обезбедат двете првопласирани селекции од групата.