Екипата на Лајпциг им се врати на победите. Новиот тим на македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас славеше во дуелот против Унион Берлин со 2-0.

Домаќините поведоа со болот не Белгиецот, Опенда уште во 11-тата минута. На вториот го, се чекаше се до вториот дел. Во 48-та минута, Словенецот, Шешко зголеми на 2-0.

Елмас влезе на местото на првиот стрелц во 77-та минута и ја одигра завршницата од мечот во кој немаше промена на резултатот.

Лајпциг ја прекина низата од три порази во Бундес лигата од почетокот на годинава. Сега Лајпциг има 36 бодови и е на 5.место на табелата со бод помалку од четврто пласираниот тим на Борусија Дортмунд.