Италијанскиот првак Наполи со пресврт во завршницата стигна до трите бода во дуелот со Верона.

Наполитанците во натпревар од 23.коло на Серија А, пред своите симпатизери, славеа со 2-1 иако имаа негатива.

Гостите поведоа со голот на Диего Копола во 72-та минута.

Примениот гол како да го разбуди домаќинот. Само седум минути подоцна довчерашниот играч на Верона, Клинтон Енгонг израмни на 1-1.

На три минути до крајот Грузиецот, Хвича Кварацкелија успеа да погоди и да му донесе победа на шампионот.

Сепак Наполи е далеку од одбраната на титулата бидејќи со 35 бодови е седми, а заостанува дури 19 бодови зад лидерот Интер.