Фудбалерите на Атлетик Билбао ја потврдија одличната фирма и со четири гола ја пратија Мајорка дома. Во воведениот меч од 23.коло на Ла Лига, Атлетик славеше со 4-0 пред своите навивачи.

Во првиот дел домаќините имаа два гола предност. Стрелец на двата погодоци беше Јуриј Берчиче во 3-тата и 16-тата минута.

Голеадата на „Сан Мамеш“ не застана ниту во вториот дел.

Гурузета во 62.минута беше стрелец на третиот, а четвртиот гол го постигна Муниаин во 89-тата минута.

До оваа победа и освоените бодови, а вкупно 45, Атлетик се зацврсти на петтото место на табелата, со два бода помалку од четвртата Барселона.